Прес конференција – 22.08.2012 ОО СДСМ СТРУМИЦА

Почитувани граѓани,
Раководството на Вмро Дпмне сакајќи да го прикрие скандалот со партиското вработување во ЈЗУ Општа болница Струмица, измислува и се фали со реформи на Владата кои не постојат.
Господа од Дпмне, наместо да ја замајувате јавноста со трагикомични и штури реакции обидувајќи се на тој начин да ги заштитите вашите локални моќници,

конечно одговорете им на граѓаните кои ќе бидат лекарите што ќе се грижат за нивното здравје.
Заради тоа, денес, по втор пат ве прашуваме:
-    Кои ви беа критериумите за избор на 9-те доктори по медицина?
-    Зошто формиравте партиска комисија во која членуваат лекари кои се во најтесното раководство на ОК на Вмро Дпмне од Струмица?
-    Дали тие лекари се во роднински врски со пријавените кандидати кои се примени иако имаат остварено слаби резултати?
И така велите дека работите 24/7 и дека граѓаните ви се пред се, барем во рекламите и на билбордите. Е токму заради тоа, истите тие граѓани заслужуваат да ја дознаат вистината.
Објаснете им како е можно кандидат кој се наоѓа на 25-то место од вкупно 32 од ранг листата на бодување да биде примен како лекар иако има значително послаби резултати од сите останати пред него?
Нели ви е срам да зборувате за партизирање во време на владеење кое оддамна поминало и да се повикувате постојано на тоа во отсуство на аргументи, за теми кои се од суштинско значење за граѓаните на општина Струмица?
Па, лекари вработувате! За здравје и човечки животи се работи!
И затоа соберете си ги пајташите, смислете некој поинтелигентен одговор. Крајно време е да престанете да ги манипулирате граѓаните. Доста е од фотографирања и испорачувања на ветувања кои секогаш започнуваат со “ќе”, ветувања кои никогаш не ги остварувате.
Граѓаните се уморија од вашето расипништво и лицемерие! Прочитани сте!
И преиспитајте си ги приоритетите!
Оти, по којзнае кој пат докажавте дека транспарентноста, компетентноста и квалитетот воошто не ви се приоритет во владеењето!!!

Comments are closed.

43040899_919171741622888_1449774753454751744_o